Светскиот ден на миграторните птици (преселници) е инициран во 2006 година и е годишна кампања за подигање на свеста истакнувајќи ја потребата за заштита на миграторните птици и нивните живеалишта. Тоа е заеднички организирано од страна на секретаријатите на Конвенцијата за заштита на миграторните видови диви животни (CMS) и Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици (AEWA) – два меѓународни договори, спроведени од страна на Програмата на Обединетите нации за животна средина (УНЕП) и се поголем број на партнери.

Светскиот ден на преселните птици се одбележува секоја втора сабота во мај.

По тој повод библиотекари од НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола ги посетија децата од ЈОУДГ „Мајски цвет“ – Битола.

Се запознавме со различните видови на птици и заедно ги издвоивме птиците преселници. Децата покажаа дека знаат многу видови на птици и точно знаеја кој се птици преселници, каде одат во зима и кога ни доаѓаат назад.

На крај заедно боевме штрк и ластовичка и поставивме прекрасна изложба со изработените цртежи.

Активноста ја реализираа библиотекарите Јасминка Кoчевска и Слободан Пачовски.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook