Средба со Лиу Донг (Liu Dong)- генерален секретар на Унијата на земјите од ЦИЕ и НР Кина и директор на Хангџу Библиотека од Кина (Hangzhou, China) (China-CEEC curators Forum of libraries Union )
На маргините на Форумот на библиотекари во Кина одржани се повеќе билатерални средби со организаторите.
Во пријателска и работна атмосфера програмскиот раководител м-р Јелена Петровска разговараше со генералниот секретар на Унијата и директорот на јавната библиотека од Хангџу Лиу Донг, кој истакна неговото задоволство од потпишувањето на меморандомот за соработка кој е потпишан 2017 год. од страна на НУ УБ „Св. Климент Охридски“ Битола во име на македонските библиотеки учесници.
Во разговорот беше посочено дека оснивањето на Унијата во Хангџу (Hangzhou,2017) покажа дека библиотеките во цел свет освен својата тековна работа имаат и многу различни креативни и иновативни програми кои се од исклучителна важност за споделување на добри практики и ширење на меѓусебна соработка преку размена на библиотечни материјали, заеднички проекти и воведување на нови содржини. Средбата во Варшава беше и практичен пример за напредок на Унијата преку организација на тренинзи од областа на заштита на културното наследство и старите ракописи, како и најновите сознанија за чување на библиотечниот материјал и воведување на поголема дигитализација. Исто така директорот и честита на нашата држава за организација на вториот Форум кој се одржа хибридно 2019 година во Скопје во ГБ „Браќа Миладиновци “Скопје.
И двете страни изразија задоволство од прикажаните презентации и можности за поголема размена на искуства.
Учество на Форумот го подржаа Министерство за култура и НУ УБ „Св. Климент Охридски“ Битола.
23.10.2023, Нанјинг Кина
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook