На ден 29.07.2022 година, м-р Фатма Бајрам Аземовска раководител од областа на Развој на библиотекарството, меѓународна соработка, маркетинг и односи со јавноста од НУУБ „СВ.Климент Охридски“ – Битола оствари работна средба со проф. д-р. Гордана Ристевска Димитровска директорка на приватната установа за социјална заштита на стари лица ДОМ Софија Битола.
На средбата се разговараше за организирање на заеднички активности, кои ќе имаат за цел да ги поврзат корисниците, да си разменуваат искуства и комуницираат помеѓу себе. Исто така овие активности помагаат да се оддржуваат мисловните процеси и когницијата кај лицата од трето доба.
Здравјето и грижата за секоја личност е приоритет на двете установи. Социјалните активности се организираат со цел да секое лице се чувствува дека е значајно и дека остава свој белег и печат во дружењето и комуницирањето со останатите лица. Во текот на неделата ќе следува потпишување на меморандум за соработка на двете институции.