Денеска м-р Фатма Бајрам Аземовска и м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола остварија работна средба со директорката на ООУ „Гоце Делчев“ – Битола, Наташа Ставревска.

На оваа средба се разговараше за заедничка соработка во тековни активности, заеднички проекти и збогатување на книжниот фонд со албанска литература за потребите на албанските паралелки од ова училиште.

Нашата библиотека секогаш се стреми да воведе нови програми со кои ќе биде поблиска до заедницата.