Во НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола се одржа работилница со децата од Едукативниот центар „SmartHead“ и наставничките Ирена Цветкова и Марина Митеска Каранфиловска.

На 3 јули се празнува големиот празник Св. Наум Охридски. Тој бил најмалиот ученик на светите браќа Кирил и Методиј и верен соработник на Св. Климент Охридски со кој заедно работат во Охридската книжевна школа. По тој повод оваа работилница му ја посветуваме на овој учител.

Учениците на работилница имаа можност да видат дел од најстарите книги поставени во музејот на библиотеката, да научат се развојот на библиотекарството низ годините како и за целокупната збирка со која располага денес нашата библиотека.

За крај библиотекарката им прочита една кратка сликовница „ А зошто?“ од Бистра Георгиева и Катерина Николовска.

А зошто?

Затоа што во летните денови треба дел од времето да го поминеме во читање.

А зошто?

Затоа што пола час до еден час на дел е доволно да другаруваме со книгата.

А зошто?

Затоа што книгите содржат волшепства кои чекаат да бидат откриени.

А зошто?

Затоа што со книгата е забавно да се другарува и во лето, а ние тоа вчера го докажавме на работилницата со децата од Едукативниот центар „ SmartHead“ .

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook

Објавено од: Слободан Пачовски

4 Jul, 2023