Денес како гости во нашата библиотека беа учениците од прво одделение од ООУ „Стив Наумов“ – Битола заедно со наставничките: Александра Илиевска и Оливера Филиповска кои имаа можност да се запознаат со нашата библиотека.

Тие беа пресреќни што се запознаа со магацинот од детскиот оддел и со цела литература што ја поседува овој магацин како енциклопедии од различни области и детска литература од писатели и поети од цел свет.

Им беше кажано дека библиотеката е изградена во 1945 година и располага со околу 600 000 книги, поточно литература од различни области и на различни јазици. Ја посетија и музејската поставка, каде се запознаа со начинот на пишувањето од првите ракописи па се до денешното современо пишување.

Се запознаа и со делот на роднокрајна литература и разговаравме за роднокрајните писатели и нивните дела.

Разговаравме и го посетивме одделот Периодика каде разгледаа дел од списанијата, весниците и се што може да се најде во нив и зошто така се нарекуваат.

Се разговараше и за денешната Cobiss програма и како може да се пребарува на неа.

Потоа реализиравме активност по повод Денот на словенските просветители, кој се чествува секој 24 мај, се потсетивме на важните придобивки од делото на словенските рамноапостоли, светите Кирил и Методиј и со нивната мисија која што е од огромна важност за сиот словенски свет, а неоспорни се и универзалните вредности на нивниот предизвик.

Учениците во нивна чест ги напишаа и буквите на нашата азбука, со што го овековечија нивното дело.

Голема благодарност и до наставничките Александра Илиевска и Оливера Филиповска, како и до учениците кои изразија желба за скоро да станат членови на нашата библиотека, а некои веќе се и членови во неа. https://oustivnaumovbt.edu.mk/

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook