„Ежовите во студената зима сакале да се припијат едни до други за да се стоплат, но не можеле бидејќи се повредиле со своите боцки. Така и ние, луѓето, денес – изолирани, без физичка близина, без допири, без гушкање, брз бакнување…“ – Емотивен талог од Ана Јовковска

На 08. 04. 2023 година во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа уште една промоција на книга. Овој пат беше промовирана книгата „Емотивен талог“ од писателката Ана Јовковска.

Промотор на настанот беше директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска Илијевски, која на уникатен начин успеа да ја пренесе содржината од книгата пред нашата публика и да ја наведе писателката да ги истакни најглавните моменти кои ја мотивирале да ги напише овие страници, за денес секој еден да може да се препознае во нив.

„Да се пишува за најдлабокото и најгусто човечко е како да се расече сопственото срце и да се дише преку клетките на другите. Мислам дека собирајќи го емотивниот талог од сопствените интимни пунктови, всушност, брцнав кај сите по малку, а најмногу во без временските хуманистички радости, болки и цивилизациски предизвици.“ рече авторката пред публиката.

Оваа книга е книга која треба секој да ја има доколку сака да го раствори својот талог. Оној талог кој може да направи хаварија во нашата душа, свесно или несвесно.

Промоцијата ја завршивме со топол разговор со читателите и многу потпишани автограми со по некоја порака запишана на првата страница.

А Ана ја испративме со најава дека за брзо ќе не изненади со ново дело.

Настанот е дел од проектот „Културни манифестации“ поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Координатори на проектот

Докторанд Фатма Бајрам Аземовска

М-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook