На наше големо задоволство, по повод претстојниот празник на Сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј, НУУБ„Св. Климент Охридски“- Битола Ви ги соопштува добитниците на наградата „Роднокраен автор за 2023 година“.
Тричлената комисија составена од:
- м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски – претседател, координатор на проектот „Роднокрајни средби на битолските писатели од Македонија“
- Илче Стојановски – член,
- Светлана Папачек- член,
по разгледаните кандидатури, едногласно одлучи оваа година да додели награди во четири категории:
- „Награда за животно дело на Роднокраен автор од Битола“ ја добива авторот Добре Тодоровски
- „Роднокраен автор за 2023 година“ во категорија поезија ја добива поетесата Весна Мундишевска- Велјановска
- „Роднокраен автор за 2023 година“ во категорија проза ја добива Петре Димовски
- „Роднокраен автор за 2023 година“ во категоријата драма ја добива Зоран Пејковски
Им честитаме на добитниците!