Патувавме, истражувавме, креиравме сценарија за нови витруелни апликации. НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, започна со реализација на проектот „Намалување на дигиталната писменост“. Проектот е поддржан од Министерството за култура на Р.С. Македонија и има за цел да ги насочи младите кон правилно користење на технологијата која секојдневно ја употребуваме.
На првата работилница учевме за примена на вируелната реалност во медицината, градежништвото, архитектурата, уметноста, наставата… Но и се потсетивме што е паметна употреба на паметните телефони, а што е некултурна, недругарска и штетна употреба по здравјето и социјализацијата.
Учесниците имаа можност преку 3Д наочари да запловат во непознати светови и да се дружат со енциклопедии од повеќе области како поддршка на истражувањата со примена на различни извори на информации.
Оваа прекрасно патување го водеше наставничката Весела Богдановиќ и координаторите на проектот библиотекарките докторанд Фатма Бајрам Аземовски и м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook