Овој пат студентите од ФИКТ (Факултет за Информатичка и комуникациска технологија) – Битола, имаа можност да се запознаат со web апликацијата COBISS+.
Оваа апликација ни овозможува да пребаруваме во online каталозите на сите библиотеки кои го имаат имплементирано COBISS системот во своето библиотечно работење. Библиотеката НУУБ „Св. Климент Охридски“ од Битола е дел од таа регионална COBISS.NET мрежа, а со тоа им овозможува на своите корисници пристап до поголем број на информации.
Друга алатка која што ја нуди COBISS системот е web апликацијата UNPAYWALL. Таа апликација служи за пребарување во базите со податоци на повеќе од 50.000 издавачи и репозиториуми од целиот свет. Преку неа овозможен е пристап кон десетици милиони научни статии кои што се во електронска форма и се со слободен online пристап.
Со оваа активност ние како установа настојуваме да им излеземе во пресрет на образовните потреби на студентите, да тие успешно ги изработат своите стручни трудови и сакаме да допринесеме за унапредување на стручната и научно-истражувачката дејност на институциите во државата.
За успешно реализирање на оваа активност им благодариме на професорката на ФИКТ, д-р Мимоза Богдановска – Јовановска што ни овозможи да ја пласираме оваа апликација пред студентите, се со цел библиотечните материјали во библиотеките станат подостапни за нив.
Активноста ја реализираа:
– Маријан Колевски, библиотекар
– Фатма Бајрам Аземовска, докторанд – Раководител од областа на Развој на библиотекарството, меѓународна соработка, маркетинг и односи со јавноста
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook