На 31.3.2022 година во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се реализира првата работилница од проектот „Креативни забавни работилници за поттикнување на читањето на децата со попреченост“ одобрен од Министерството за култура на Република Северна Македонија. Во оваа работилница имавме можност да се запознаеме со: Вероника, Бојан, Никола, Јована, Андреј, Христијан, Ивана, Ана Марија, Ава, Марија, како и децата од ЦПЛИП „Порака“ – Битола: Теа, Александар, Томи и Декран. Тие се прекрасни личности, деца со насмевки на своите лица со кои беше чест да се другарува. Многу разговори, боење и цртање на омилените ликови од книги и сликовници, беа само доказ дека овие деца се навистина посебни. Нивните вештини за цртање и боење не воодушевија. Библиотеката е дом за сите. Катче за забава и другарување на сите. Тука сме сите исто, јас, ти, тој и таа. Со нетрпение ја очекуваме втората работилница и веќе имаме нови идеи.