НУУБ „Св. Климент Охридски” – Битола во соработка со учениците од СОУ „Таки Даскало” – Битола, во чест на празникот на љубовта и виното, реализираа повеќе работилници на тема „По допирот на љубовта секој станува поет”.

Во првата работилница активностите ги реализираа учениците од втора и четврта година графичка струка под менторство на Весна Мундишевска-Велјановска и учениците од гимназиско образование под менторство на Љубица Мешкова Солак заедно со библиотекарот м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски.

Широката палета на рачни изработки ја искажуваат детската љубов и креативност и широка имагинација.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook