По повод „Денот на учителот“ – 5 Октомври, Здружението на одделенски наставници – УЧИТЕЛ на РСМ и НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола потпишаа Меморандум за соработка со цел:
• Заемна размена на информации, знаења и искуства од областите на образованието и културата
• Учество, соработка и реализација на заеднички проекти.
• Одбележување на значајни настани преку организирање на работилници, предавања, трибини, промоции и сл.
На настанот се обрати директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, м-р Бојан Стефановски, кој на присутните наставници и на сите останати им го честита Денот на учителот, 5 октомври, посакувајќи им плодна работа и понуди соработка со библиотеката предвидена во меморандумот.
На заедничкото потпишување присуствуваа претседателот на здружението Наташа Тодоровска и дваесеттина наставници од основни училишта од Битола и околината кои се членови на Здружението на одделенски наставници на РСМ.
На средбата се дискутираше на тема – Професија над сите професии –УЧИТЕЛ !
Учителите презентираа активности кои ги реализираат со учениците на редовните и часовите за воннаставни активности. Дел од наставниците рецитираа поетски творби посветени на професијата УЧИТЕЛ.
Мотивациски говори за враќање на достоинството на наставникот преку согледување на неговата важна општествена улога која ја има.
Нека им е честит 5 октомври – Денот на учителот!