М-р Фатма Бајрам Аземовска, раководител од областа на Развој на библиотекарството, меѓународна соработка, маркетинг и односи со јавноста на ден 30.03.2023 година беше во посета на Библиотеката Städtische Bibliotheken Dresden во Република Сојузна Германија.
Städtische Bibliotheken Dresden нуди поддршка на сите фази на доживотното учење од училиште до возрасните читатели преку различни активности.
- Обезбедува места за средби, размена и радост на животот поврзан со книги и читање, каде што се зајакнува идентификацијата со градот
- Нуди еднакви можности преку создавање пристап и информации за сите
- Се промовира читањето како клучна културна техника
- Исто така нуди вештини за справување со новите медиуми
- Нуди поддршка за справување со секојдневниот живот и креативните слободни активности.
Самите слики говорат кои активности ги реализира Дрезденската библиотека.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook