Како дел од можноста за реализација на Проектот поврзан со Универзитетската библиотека во Бохум, претставници од НУУБ „Св. Климент Охридски“, ја посетија Централната библиотека во Дизелдорф, каде што остварија средба со библиотекарите од одделите за циркулација, информација и периодика.
Библиотеката се наоѓа во сосема нов простор каде што е преселена во 2021 год. и се наоѓа во близина на железничка станица, што овозможува извонредно лесен пристап до библиотеката. Новата централна библиотека е многу модерна, удобна и исто така енергетски одржлива. Се снабдува со енергија преку фотоволтаичен систем на покривот. Градот Дизелдорф во проектот инвестираше вкупно околу 19 милиони евра. Во истата зграда се отвора и театарот Форум Фрејс. Библиотеката располага со 8.000 квадратни метри јавен простор, вклучувајќи книги, ЦД-а, ДВД-а, игри, дигитални медиуми и листови.
Посетителите добиваат услуги и совети на три информативни точки и од мобилните вработени. Музичката колекција опфаќа широк спектар од класична до поп музика, се чуваат 15.000 ЦД-а, 300 ДВД-а и 2000 видеа. Има и околу 35.000 музички листови и 16.000 книги на тема музика, како и релевантни специјализирани списанија. Околу 8.000 записи и ЦД-а може да се слушаат на локацијата на станиците за репродукција.
Онлајн библиотеката има околу 16.000 медиуми, вклучувајќи списанија, дневни весници, MP3-датотеки, видеа итн., кои регистрираните корисници во Дизелдорф можат да ги преземат.
Библиотеката е целосно автоматизирана, така што корисниците ја имаат можноста сами да задолжат, вратат или побараат посакуваната граѓа. Библиотекарите се тука да помогнат при пребарувањето, но и со совети за најновииот библиотечен фонд.
Во рамите на библиотеката е и мошне популарен библиотечен кафе ресторан Хафе, кое е омилено место на студентите и сите граѓани.
Дизелдорф (Р.Германија) – (29.11.2022 г.)
Јелена Петровска
Лидија Мирчевска
Даниела Ќурчиевска
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook