Во посета на нашата библиотека беа учениците од четврта година од СОУ „Таки Даскало” заедно со професорите Снежана Балјаревска Стојановска и Петар Ѓоргиевски од градежно – геодетската струка кои имаа можност да се запознаат со нашата библиотека.
Тие се запознаа со одделите кои ги поседува нашата библиотека и нивната функција.
Нашата библиотека инфраструктурно има еден уникатен дизајн бидејќи е спој од историја и модерна градба. Стариот дел од библиотеката е сместен во зграда од некогашната болница, кој сега е пренаменет за потребите на библиотека но сеуште го има зачувано надворешниот и внатрешниот изглед од едно минато време. Додека новиот дел е модерна градба кои ги задоволува потребите за складирање на книжевниот фонд и простории кои се отворени за посетителите како сали за промоции, дневна соба, магацини, читални.
При посетата се разговараше за теми кои нив ги интересираат, но беа и запознаени како можат да истражуваат и полесно да стигнат до пишани извори за нивно постојано надоградување од стручни извори, користејќи го фондот на граѓа во библиотеката.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook