Денес како гости во нашата библиотека беа учениците од второ одделение од ООУ„Трифун Пановски“-Битола заедно со наставничките:Лидија Чавдаровска и Цветанка Љамчевска кои имаа можност да се запознаат со нашата библиотека.

Тие беа пресреќни што се запознаа со магацинот од детскиот оддел и со цела литература што ја поседува овој магацин како енциклопедии од различни области и детска литература од писатели и поети од цел свет.

Им беше кажано дека библиотеката е изградена во 1945 година и располага со околу 600 000 книги, поточно литература од различни области и на различни јазици. Ја посетија и музејската поставка, каде се запознаа со начинот на пишувањето од првите ракописи па се до денешното современо пишување.

Се запознаа и со делот на роднокрајна литература и разговаравме за роднокрајните писатели и нивните дела.

Разговаравме и го посетивме одделот Периодика каде разгледаа дел од списанијата,весниците и се што може да се најде во нив и зошто така се нарекуваат.

Се разговараше и за денешната Cobiss програма и како може да се пребарува на неа.

Голема благодарност до наставничките и до учениците кои изразија желба за скоро и тие што не се, да станат членови на нашата библиотека.

Повеќе фотографии на следниот линк: Facebook link