На ден 06.05.2022 год. нашата библиотека ја посетија студенти од Факултетот за информациски и комуникациски технологии-Битола со својата професорка вонреден проф. Мимоза Богданоска- Јовановска. Целта на оваа посета им беше да се запознаат со системот COBISS и E-CRIS.MK со кои нашата библиотека е мрежно поврзана со библиотеки од повеќе земји на Балканот. Библиотекарите м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски и Маријан Колевски им овозможија на оваа група на студенти одблиску да ја запознаат библиотеката, нејзините функции и работата со COBISS и E-CRIS.MK системите за мрежно поврзување на податоците со кои располага библиотечниот фонд.

Facebook link