И ова утро во ООУ „Д-р Трифун Пановски“ – Битола, со разиграни очиња, насмевки на лицето и раширени рачиња не пречекаа првачињата на кои им поделивме ваучери за едногодишно бесплатно членство во нашата библиотека.

Со оваа активност се има за цел да се стекнат читачки навики од најраното детство и да се развие љубов кон пишаниот збор така што самите ученици, но и нивните родители и постари членови во фамилијата да им читаат приказни и песни, и да ги воведуваат во светот на книгата. Нивните насмеани лица кажуваа колку се среќни што ќе можат да ги користат нашите услуги, но и желни за знаење, нагласувајќи дека со посета на нашата библиотека би го прошириле своето знаење.

Голема благодарност до директорката Лилјана Наумовска што ни дозволи да бидиме дел од првите училишни денови и да ги израдуваме учениците од прво одделение.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook