„По допирот на љубовта секој станува поет“

Детските срца секогаш знаат да сакаат искрено. Во нивната душа расте најубавото и најискреното чувство, а тоа е љубовта. Таа е најубавиот подарок во животот.

Да подариме љубов, да подариме среќа!

По повод Денот на љубовта, учениците од прва, втора и трета година графичка струка од СОУ „Таки Даскало“ – Битола, заедно со професорките Весна Мундишевска-Велјановска и Катерина Спасовска Маурдева ни подготвија прекрасна палета на книжни производи. Честитки, писмо со порака, картички и други изненадувања се дел од палетата која ни ја изработија овие вредни ученици.

Ви благодариме!

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook