Денес нашата библиотека ја посетија учениците од V одделение ООУ „Тодор Ангелевски“ – Битола со наставничката Слаџана Бојаџиева. Тие не изненадија со прекрасен поклон, постер коj што го изработиле за нас.

Учениците имаа можност од библиотекарката да слушнат и да се запознаат со одделите во нашата библиотека, како и за работата која се одвива во нив. Учениците покажаа голем интерес и знаење што ја направија оваа посета, за паметење.

Повеќе фотографии на следниот линк: Facebook post