Покана за настанот на ден 18.05.2024 година (сабота) со почеток во 18 часот во просториите на Библиотеката. Гостува познатиот поет Стефан Симиќ од Србија.
Симиќ е роден во Параќин, а студирал социологија на Филозофскиот факултет во Белград. Има три книги и тоа за поезија, проза и белешки од секојдневието кој често ги објавува на Интернет.
Стефан Симиќ се издвојува како писател и социолог чии посветени ставови и постапки се насочени кон промовирање на меѓусебното разбирање, толеранција и соработка меѓу луѓето на просторот на поранешна Југославија. Преку своите текстови и јавни настапи, Симиќ ја истакнува важноста на уметноста како средство за зближување на луѓето и поттикнува дијалог за општествените прашања. Неговата посветеност за создавање подобра иднина на Балканот преку мултикултурализам и социјална солидарност го привлекува вниманието и поддршката на многумина кои ги споделуваат неговите идеали за мир и правда.