НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола заедно со поетесите од Битолскиот Книжевен Круг го одбележа 21 Март – Светскиот ден на поезијата. Светскиот ден на поезијата е можност да се сврти вниманието на секој жител на планетата кон единствената карактеристика на поезијата, допирање на најдлабоките жици на душата во една личност, будење на креативни способности и одговарање на какви било духовни прашања. Многу луѓе го наоѓаат својот мир и релаксација во поезијата, благодарение на поетскиот збор, учат да се разберат себеси, во своите мисли и емоционални искуства. Друга важна цел на празникот е можноста да им се каже на почетниците писатели и малите издавачи дека овој ден е еден вид поттик за развој на поезијата, отворање на нови хоризонти со специфичниот микс на зборови кој допира во секоја душа. На овој онлајн настан се обрати директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски “ – Битола м-р Бојан Стефановски и претседателката на БКК Елизабета Јончиќ која заедно со проф. д-р Даниела Андоновска Трајковска, Мирјана Стојановска и нашиот колега Илче Стојановски го обогатија овој настан со неколку нивни лични творби. На наше огромно задоволство настанот го следеа и ученици од СОУ „Јосип Броз Тито“ – Битола со професорката по македонски јазик Симона Петровска.