Во рамки на проектот Sasas Jekhvar Jekh. Once upon a time – and now се одвиваат последните активности за печатење на Европската книга на бајка, СЈАЈНИ ЗВЕЗДИ- бајки раскажани од Роми од Европа. Денеска имавме средба со претставниците од печатницата Графопром, на кој присуствуаа и Ronald Schönknecht и Isabelle Jahn од германската организација „Југендстил“. Во моментот се подготуваме за тренингот кој ќе се одржи во Унгарија наредниот месец.

Партнери се организации од Германија, Бугарија, Грција, Унгарија, Романија, Србија и Турција.

Проектот е финансиран преку Еразмус + програмата на Европската Унија, а има за цел да ја промовира ромската култура и традиција преку приказни раскажани од Роми.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook