Во рамки на активностите по повод Патрониот празник на ООУ „Даме Груев“ – Битола, ученици од Централното и подрачното училиште во изминатиот период изработија Новогодишни честитки од рециклиран материјал, кои вчера со пригодна приредба им ги подарија на ученици од ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола, на верните читатели од Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, како и на вработените. Преку оваа активност нашите ученици придонесоа, магијата на Новогодишните празници да започне.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook