Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа четвртата работилница од проектот „Креативни забавни работилници за поттикнување на читањето кај деца со попреченост“. Овој пат имавме прекрасна претстава. Од децата за децата.
Една бајка се пишува, се чита и може да се одигра. Нашата бајка „Песната на царевата ќерка“ ја одиграа децата од Едукативниот центар „Едусфера“ пред учениците од ДСУРО „Св. Наум Охридски“ – Скопје со дисперзирана паралелка во Битола, членовите на здружението за лица со попреченост ЦПЛИП Порака, децата од едукативните центри „Малиот Принц“ и „Smart Head“, ученици од ООУ „Даме Груев“ и останати гости.
Библиотеката е волшебно место како од бајка. Тука се случуваат магични нешта. Тука царува насмевката на детските лица. Тука сите сме едно.
По завршување на претставата сите заедно можевме да се дружиме, да играме и пееме со ликовите од претставата.
Уште еден ден за паметење во нашите срца.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook