Во прекрасна атмосфера исполнета со поезија, емоции и музика, се одржа промоцијата на поетската збирка „Патување до бескрајот“ од Илче Стојановски.
Свое пригодно обраќање имаше и директорката на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, м-р Емилија Стефановска Давкова, која ја поздрави долгогодишната творечка посветеност на авторот и значењето на литературата како трајна духовна вредност.
Настанот беше вистинска прослава на пишаниот збор и љубовта кон поезијата, збогатен со инспиративниот осврт на доцент д-р Анита Ангелевска, која истакна дека „патувањето“ кај Стојановски е симбол на човековата истрајност, надеж и стремеж кон вечноста. Таа нагласи дека поезијата на авторот охрабрува и дарува оптимизам – вредности што денес ни се повеќе од потребни.
Настанот дополнително го збогатија учесниците во поетско-музичкиот рецитал:
Николина Поповска
Марјан Тасевски
Марија Станојовска
Со музичка придружба на Владко Симоновски, кои со својата интерпретација внесоа посебна емоција и топлина во вечерта.
Благодарност до рецензентот Илија Крбалески и до сите присутни љубители на поезијата кои ја споделија оваа незаборавна вечер со нас.
Особена вредност на вечерта беше и донацијата на книги за библиотеката од Весна и Офелија Станковски, со што уште еднаш беше потврдена важноста на книгата како трајно духовно богатство и мост меѓу генерациите.
„Патување до бескрајот“ е уште една потврда дека вистинската поезија остава трага што не завршува.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook