Една од активностите на библиотеката која е поврзана со промоција на важноста за зачувување на културното наследство, литература и читање кај ромската популација е Еразмус + проектот “Sasas Jekhvar Jekh-Once upon a time … and now”.
На партнерскиот состанок во Измир, кој се одржа од 06 до 09 ноември 2023 година, на почетокот се разменија информации за тековните активности во врска со Европската книга за бајки, вклучувајќи и презентации на илустрации, соработка со издавачките куќи и подготовка на план за дистрибуција на книгите.
На состанокот се разговараше и за прашања за техничките можности и предлози во однос на печатењето, бројот на примероци, начинот на географска покриеност во државата.
Исто така, се разговараше и за Монографијата која ќе биде прва од ваков вид, за резултатите од истражувањето итн.
Учесниците на состанокот посетија повеќе места поврзани со ромските организации кои активно работат на полето на едукација и можности за вработување на оваа ранлива група, како што се ромските здруженија на Измир и Културната федерација. На средбата беа присутни претседателот г-дин Алџмир, поранешниот пратеник Џемал Бекле и потпретседателот Хасан Хусеин Карабаџак, како и претседателите на организациите кои се дел од Федерацијата.
Со проектот и партнерите вклучени во него, го запознавме и Гувернерот од областа Карабахлар, г-дин Џемил Озгур Онеги.
Учесниците во проектот имаа прилика да посетат и многу културни знаменитости на Измир каде што беше забележителна атмосферата од прославата на 100 години од формирање на модерната држава Турција во ликот и делото на големиот реформатор, Мустафа Кемал Ататурк. Проектот е кофинансиран од Европската комисија преку Еразмус + програмата и координиран од германската организација „Југендстил“. Партнери се организации од Германија, Бугарија, Грција, Унгарија, Романија, Србија и Турција.
Sasas Jekhvar Jekh. Once upon a time – and now
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook