Како дел од Третата меѓународна конференција на библиотекари, архивари и музеолози – Конференција за библиотеки, архиви и музеи (ЛАМ), Црна Гора, 2022 година, организиран од Националната библиотека на Црна Гора „Ѓурѓе Црнојевиќ“ и Здружението на библиотекари на Црна Гора, се одржа Панел дискусија на тема „Улогата на библиотекарот : предизвици и успешни практики”.
Учесници беа: Драгица Ломпар, директор на Националната библиотека на Црна Гора „Ѓурѓе Црнојевиќ“, Сузана Танасијевиќ од Градската библиотека во Јагодина, Ивана Јањушевиќ, од Библиотеката „Влада Аксентијевиќ“ од Обреновац, Јелена Петровска од НУУБ „Св.Климент Охридски“ од Битола, Славица Гленџа, Драган Мирковиќ, Вјенчеслава Шеваљевиќ, Драгана Мирковиќ, Данијела Радуловиќ, Борис Калуѓеровиќ од Народната библиотека на Црна Гора „Ѓурѓеќ Црнојевиќ“, Ардита Миркојајинов од Националната библиотека на Црна Гора Народната библиотека „Радосав Љумовиќ“ од Подгорица, Софија Јеловац од Националната библиотека „Стеван Самарџиќ“ од Плевља и Наташа Шпадијер од Градската библиотека и читална „Његош“ од Цетиње. Модератор на панелот беше Јасмина Бајо, претседател на Здружението на библиотекари на Црна Гора.
Во отворена и инспиративна дискусија, учесниците зборуваа за тоа како библиотеките би можеле да ги исполнат очекувањата на корисниците и заедницата денес. Тие презентираа примери на успешна практика од нивните библиотеки, а ги посочија проблемите и предизвиците со кои се соочуваат библиотеките, особено во регионот, почнувајќи од нерешениот статус на народните библиотеки, недостигот од буџетски средства за книги, како и процедурите за набавка на книги и недостатокот на квалитетни добавувачи. Се сподилија искуства кои ги регулираат овие прашања во различни земји, а учесниците се договорија за соработка во различни области на библиотечното работење.
Заклучок на панелот е дека денешните библиотекари мора да бидат креативни, имагинативни, аналитички, комуникативни луѓе кои се способни да се поврзат со заедницата, да ги препознаваат нејзините потреби и во соработка со корисниците да ги развиваат online услугите кои се најпотребни за одредени прашања и за подигање на квалитетот на живееење во своите средини.
М-р Јелена Петровска, библиотекар советник