Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, се одржа 25 Општински натпревар „Млади библиотекари“. На овој натпревар учество зедоа ученици од основните училишта од Битола и еден ученик од основното училиште од с. Добрушево.
Комисијата составена од три члена: м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски, Маријан Колевска и Марија Марковска по прегледаните тестови ги соопшти резултатите:
Прво место на овој натпревар освои ученичката Ана Бучуковска од ООУ„ Коле Канински“ – Битола, под менторство на наставничката Наташа Лозановска.
Второ место освои ученичката Сара Трајчевска од ООУ „Тодор Ангелевски“ – Битола, под менторство на наставнилката Виткторија Јовеновски.
Трето место освои ученичката ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола под менторство на наставничката Александра Упале.
Ученичката Ана Бучуковска оваа година ќе не претставува на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ кој оваа година ќе се одржи во Ресен на 15 Мај.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook