Во месецот на книгата – месец Октомври, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола реализира работилница со учениците од ll б одделение со наставничката Тања Николовска и учениците од lll б одделение со наставничката Цветанка Љамчевски од ООУ „д-р Трифун Пановски“ – Битола на тема:

„Онаму каде волшепството и магијата никогаш не запираат”

Во текот на работилницата учениците ги запишаа најдобрите цитати од најпознатите дела од литературата за деца и изреки за книгата. А исто така ни поклонија и обележувачи за книги кои сами ги изработија, а се наменети за децата кои се редовни посетители на библиотеката.

Посетата ја искористија да се запознаат со одделите од библиотеката и да слушнат како правилно се чита. Библиотекарката им прочита сказна, извадок од „Детето со ѕвезда на челото“ , книга во која има неколку волшебни сказни наменети за нивна возраст.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook