Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа прекрасен настан во соработка со ООУ„Св. Кирил и Методиј“ – Битола со наслов „Од книга до претстава – Да ги оживееме драмите“.

Љубов кон книгата и читањето, мајчиниот јазик, нашата традиција, традицоинална музика.. тоа најдобро се постигнува со оживување на македонските драми преку претстава. Библиотеката е дом каде ова може да стане реалност.

На овој настан учество зедоа учениците од осмо одделение под менторсто на психологот Жанета Ристевска кои изведоа сцени од драмата „Бегалка“ од Васил Иљоски, учениците од петто одделение под менторство на нивната наставничка Весна Јанкулоска кои изведоа сцени од драмата „Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски. Настанот го обогатија со своја точка и учениците од училишниот хор под менторство на Катерина Пејовска.

За нивниот труд, директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола м-р Бојан Стефановски ги награди нашите млади глумци со ваучери за едно годишна бесплатна членарина во нашата библиотека.

Секоја книга има тежина доколку се чита и доживува. Учениците за време на претставите се соживее ја со улогите и пред својата публика ги доловија ликовите на овие две прекрасни македонски драми. Читаа и учеа.

Голема благодарност до директорката на ООУ„Св. Кирил и Методиј“ – Битола, Жанета Тошеска и психологот Жанета Ристевска кои се согласија учениците да ги изведат драмите и во библиотеката.

м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски библиотекар

Kоординатор на проектот од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook