На 26 февруари, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, го одбележа Меѓународниот ден на раскажување на бајки заедно со учениците од прво а и б, и ученици од деветто одделение од ООУ„Св. Кирил и Методиј“- Битола.

Бајките се еден од најомилените литературни жанрови во кој царуваат фантастични и магични ликови. Тие секогаш се случуваат во еден магичен свет и започнуваат со реченицата „Си беше еднаш во едно време…“

Нашиот настан затоа го започнавме со реченицата „Си беше еднаш во оваа наша прекрасна библиотека…“ , Библиотека во која царува магијата и волшепствата стануваат реалност.

Пред преполната сала од родители, баби и дедовци, учениците ја доловија магијата на најпознатите детски бајки: Снежана и 7 џуџиња, Убавицата и ѕверот, Пепелашка, Црвенкапа, Златокоса, Петар Пан, Гаргамел, Хермиона, Вили Вонка, Малата сирена, Барби, Кен и куклите Брац, Елса и Ана…

Никој не остана рамнодушен на прекрасната изведба на овие ученици. Глумевме танцувавме, другарувавме…

Голема благодарност до директорката на ООУ„Св. Кирил и Методиј“, Жанета Тошеска која и оваа година ги поддржа активностите кои се реализираат се со цел да се поттикнат учениците уште од најмала возраст да ги сакаат бајките, приказните и да другаруваат со книгите. А за прекрасниот перформанс на учениците со голема љубов и трпение работеа, психологот од ова училиште Жанета Ристевска и одделенските наставнички Лидија Поповска и Катерина Шеровска Томовски.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook