НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола го одбележа 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик заедно со учениците од ООУ „Елпида Караманди“ – Битола под менторство на наставничките по македонски јазик Маја Јанакиевска и Сузана Петровска и ученици од ООУ „Св.Климент Охридски“ – Битола под менторство на наставничката и поетеса Мирјана Стојановска.

На наше големо задоволство учениците читаа нивни лични творби на македонски, англиски, германски, влашки, турски и албански јазик, како и творби од поетесата Мирјана Стојановска на: македонски, англиски, германски и српски јазик.

Со поддршка на УНЕСКО, овој ден се празнува се со цел да се прослават повеќето од 6000 различни јазици кои се зборуваат во светот денес. За жал дел од овие јазици изумираат на глобално ниво. Со цел да се зачува еден јазик, истиот треба да се негува и изучува. Токму поради тоа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик е ден за промовирање на лингвистичката, културната разновидност и мултилингвизмот. За да постигнеме одржлив развој, потребно е младите ученици да имаат можност да го учат и негуваат својот мајчин јазик, но и да ги учат и почитуваат други светски јазици.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook