Инклузивното образование ја вреднува различноста и уникатните придонеси кои секој ученик ги носи во училницата. Во вистински инклузивна средина, секое дете се чувствува безбедно и има чувство на припадност. Вработените во училиштата се соодветно обучени, флексибилни и снабдени со потребната поддршка и ресурси за да ги охрабруваат и задоволуваат потребите на сите ученици. По повод 3-ти Декември – Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, денес во ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола, во рамките на проектот „Работилници за деца со попреченост“ ” кој е поддржан од Министерство за култура и туризам на РС Македонија, реализиравме индивидуални логопедски третмани со ученици кои имаат потешкотии во вербалната комуникација.
Тема на активноста:
Темата на работилницата беше „Доцна есен“, при што учениците: Препознаваа и именуваа карактеристики на годишното време есен и нејзините плодови. Конструираа правилни реченици користејќи индивидуални ливчиња со зборови и слики. Цели на активноста: Развивање логичко размислување и правилна конструкција на реченици. Унапредување на графомоторичките вештини преку активности за доцртување и боење на слики. Искажуваме искрена благодарност до логопедот Анета Ѓоргиевска за посветеноста и успешната реализација на активностите. Со вакви активности ја промовираме инклузијата и го нагласуваме значењето на поддршката за учениците со посебни потреби, овозможувајќи им развој и целосна интеграција во заедницата.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook