По повод Светскиот ден на планетата Земја учениците од ЈОУГД „Естреја Овадија Мара“ заедно со воспитувачката Весна Филиповска и негователката Бети Кузмановска ги покажаа своите креативни и уметнички способности и реализираа едукативна работилница со неколку активности. Преку читање на текст, испечатени ЕКО пораки упатија влијателни, инспиративни и мотивирачки цитати за животната средина со цел да го разбудат и мотивираат екологистот во секој од нив. Групата ученици со изготвените плакати преку слики, цртежи и текст укажаа на значењето на зачувувањето на нашата животна средина, на проблемите со кои се соочуваат човекот и природата, како и на начинот на кој може да се подобри состојбата на животната средина. Преку ваквата активност го разбудија чувството за чиста природа и предизвикаа восхит со нивната уметност.
Сите ние сме деца на мајката Земја. Нашата љубов, внимание и грижа треба да бидат свртени кон неа. Ние живееме во нејзините прегратки и од неа ја црпиме секојдневната сила. Затоа, сите ние, треба да ја сакаме нашата заедничка мајка- планетата Земја, да ја чуваме и почитуваме.
Планетата Земја не е наследство од нашите родители, туку заем од нашите деца.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook