Денес во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола на симболичен начин со книга и цвеќе беше одбележан Светскиот ден на книгата и авторското право.

Во топлината на заедништвото, пред присутните гости, писатели, соработници и колеги, се обрати директорката м-р Емилија Стефановска-Давкова. Нејзините зборови не беа само говор, туку потсетник дека во време на брзина и заборав, книгата останува засолниште, а авторските права се дел од правата на интелектуална сопственост и a резултираат од научни, литературни и артистички продукции, кои пред сѐ го одразуваат достоинството на творецот.

Особена тишина и внимание донесе македонската порака по повод 23 април, напишана од Иван Шопов, што прозвучија како глас што ги поврзува авторот и читателот, како мост помеѓу напишаното и почувствуваното.

Настанот го заокруживме со едноставен, но искрен гест, директорката подари книга и цвеќе. Мал знак на благодарност, но со големо значење: „останете со зборот и перото“.

Благодарност до сите роднокрајни автори, сите претставници на здруженија и наши верни читатели, затоа што без вас, ниту една приказна не би ја пренесла вистинската порака.

И посебна благодарност до нашата почитувана глумица Јулијана Мирчевска, чиј глас ѝ даде душа на пораката, глас што не само што се слуша, туку и се памети!

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook