Како дел од програмите за постојано професионално усовршување и стекнување на библиотечни компетенции, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола организира предавање на тема „Дигитализација на библиотечниот материјал – предизвици и можности “ за библиотекари од регионот и за сите заинтересирани.
Важноста на програмата за дигитализација на библиотечната граѓа во сите библиотеки се однесува пред се на зачувување на културното наследство и обезбедување на пристап до дигитализирани материјали денес и во иднина. Потребни се професионални компетенции за користење на техничката инфраструктура и начини за пристапување кон изборот на дигитални содржини и нивна обработка. Тоа, всушност, подразбира поттик за развој на креативната индустрија во рамките на културните институции; промоција на дигитализацијата како форма на зачувување на културното и историското наследство, управување со постојани архиви, демократизација на пристапот до јавното добро и подигање на нивото на свесност за важноста и потребата од заштита на документарното наследство.
Предавањето ќе го одржи библиотекарот и долгогодишен раководител на Oдделението за дигитализација и ИТ Одделението од Народната библиотека од Београд Мирољуб Стојановиќ во големата сала на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола на 23.12. 2022.г. со почеток во 11 часот.
Битола, 23.12.2022 г.