Народна библиотека „Стефан Првовенчани” – Краљево и оваа година ја организираше меѓународната конференција на библиотекари од Србија. На Конференцијата беа презентирани 15 стручни трудови од библиотекари од државата и по еден стручен труд од Црна Гора, Босна и Херцеговина и Северна Македонија.
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и минатата и оваа година учествуваше со својот претставник.
М-р Јелена Петровска, библиотекар советник и програмски раководител на библиотеката, презентираше стручен труд на тема „ Између изазова и потребе – Дневни боравак библиотеке“ („Помеѓу предизвикот и потребата – Дневна соба на библиотеката“).
Во трудот беа презентирани најновите искуства од областа на библиотечното работење во врска со анимација на заедницата преку библиотечните програми во нови и мотивирачки библиотечни простори. Новиот проект на библиотеката насловен како „Дневна соба на градот“ е поврзан со елементите поврзани со работата на скандинавските библиотеки, користејќи ги притоа принципите на „хигге“ (се мисли на чувство на задоволство,удобност, интимност и среќа) како обид да се привлечат корисниците за користење на библиотечниот простор во своето слободно време. Библиотеките го креираат просторот, атмосферата и библиотечните програми кои предизвикуваат пријатни и позитивни чувства и ги мотивираат посетителите на читање.
Овогодишната Конференција во Краљево ги поттикна новите практики во библиотечното работење, а учесниците имаа прилика да ги разменат искуствата од успешно реализирани проекти и актуелни теми .
Краљево, Р.Србија – 5, 6 и 7 октомври 2022 год.