Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола се вклучи во хуманитарниот натпревар „Школски генијалец“ кој го организираше групата „Bene fasta“ при Општинската организација на Црвениот крст од Битола чија цел беше преку овој проект да се претстават младите и нивните познавања и знаења, а собраните средства се наменети за семејства од социјално-загрозен тип.

Нашата библиотека ги награди учесниците со книги, поддржувајќи ја и зајакнувајќи ја соработката помеѓу овие две институции.

Во знак на благодарност денес претставници од групата и врачија благодарница на директорката м-р Емилија Стефановска -Давкова.

Честитки до учесниците!

NUUB Facebook пост