Новогодишните празници се време кога сите може да се радуваме и да посакуваме нашите желби да бидат реалност. Детските срца се секогаш најискрени, тие не сакаат многу. И една мала работа нив ги прави најсреќни. НУУБ „Св. Климент Охридски“ денес ги слушна желбите на учениците од трето и четврто одделение од подрачното училиште „Тодор Ангелевски“ од Горно Оризари. Нивните мали детски срца посакаа да има мир, среќа, да нема војни, да нема пандемии, по некоја книга, енциклопедија, играчка и многу чоколади.
Нека ни се среќни новогодишните и божиќните празници!
Благодарност до наставничките Гордана Георгиевска, Катерина Јончевска, Виолета Хаџистојанова и Снежана Тасевска кои ни ја донесоа магијата на празниците со овие прекрасни дечиња дотерани со новогодишни капчиња и венчиња.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook