На 29.04.2026 година во НУУБ „Св. Климент Охридски“ -Битола, се реализира прекрасен настан исполнет со глума, смеа, ора и македонска песна. Патувајќи низ страниците на драмското дело „Чорбаџи Теодос“ ја откривме моќта на зборовите. Сакајќи да ги негуваме македонскиот јазик, традиција и фолклор и истите да ги почитуваме и пренесуваме, учениците го направија токму тоа преку драматизација, оро и песна.

Книгата е патоказ кој ни открива многу тајни , многу зборови и многу интересни нешта. Но кога тие зборови ќе се преточат во драматизација, песна и игра, тоа е исто така многу убаво и продолжува да трае.

Целиот настан ни го подготвија учениците од 4 – а одделение од ООУ „Св.Кирил и Методиј“ – Битола со својот одделенски наставник Весна Јанкулоска. Тие ни ги доловија најубавите и најинтересни делови од книгата, а за крај ги разиграа и присутните со песна и ора.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook