На 22 мај во НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, успешно се одржа натпреварот по спелување на англиски јазик – Spelling Bee 2026.
Особено сме горди што оваа година учество земаа ученици од неколку градови од регионот. Сите ученици покажаа одлично познавање на англискиот јазик, како и самодоверба, концентрација и натпреварувачки дух.
Денот беше исполнет со енергија, возбудливи моменти, насмевки и искрено дружење, а секој учесник придонесе овој настан да биде вистинска прослава на знаењето
Победници на Spelling Bee 2026:
3–4 одделение
1 место: Анабела Панајотова
2 место: Никита Домазетовска
3 место: Михаил Петровски
5–6 одделение
1 место: Мила Стојаноска
2 место: Дамјан Аневски
3 место: Коста Карајанов
7–9 одделение
1 место: Мила Гочевска
2 место: Анастасија Палашоски
3 место: Давид Долгоски
НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола и Rosetta Stone Bitola обезбедија награди за учениците покажувајќи голема поддршка на настанот.
Благодарност упатуваме и до Imaginarium Art Studio, Edukativen Centar MAXI, Катерина Бурник, како и до сите кои донираа награди и помогнаа овој ден да биде уште поспецијален за учениците.
Посебна благодарност до Ema Demaranville, волонтерка во Peace Corps, за нејзината поддршка и активно учество во настанот, како и до нашиот фотограф Ivona Kočov за прекрасната фото-документација.
Им благодариме на сите ученици, родители, наставници и училишта за довербата и поддршката.
Честитки до сите учесници — вашата храброст, труд и знаење го направија овој ден навистина незаборавен.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook