Библиотеките отсекогаш биле срцето на образованието и културното наследство. Со развојот на технологијата и зголемените барања на корисниците, потребата за континуирано унапредување на библиотечните услуги станува се поочигледна. Споделувањето добри практики во библиотечната професија игра клучна улога во ова унапредување.

Библиотекарската професија постојано се развива, а библиотекарите секогаш треба да сме во тек со најновите трендови, технологии и најдобри практики за да останеме ефективни и релевантни.

Процесот за избирање на професија започнува од најмала возраст со самата желба, што сакаат да бидат децата кога ќе пораснат.

Понесени од таквата желба да запознаат што повеќе нови професии денес во нашата библиотека гости ни беа децата од градинката ЈОУГД „Естреја Овадија Мара”, клон „Росица“, група „Ластовички“ каде имаа можност да се запознаат со професијата библиотекар која многу им се допадна, а воедно имаа прилика да ја запознаат нашата библиотека и се разговараше за значењето на книгата и важноста зошто да се дружиме со неа.

Реализиравме повеќе практични активности дирекно вклучувајќи ги децата во самиот процес на работа во библиотеката, читавме текстови поврзани со оваа професија и преку разговор ја пробудивме фантазијата за тоа како би сакале да изгледаат библиотеките во иднина.

Голема благодарност до воспитувачката Снежана Тренчевска, негователката Анета Марковска и до директорката Весна Лозановска.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook