Со проектот „Мојата дигитална сликовница“ се приближуваме и до една специфична категорија на љубители на книги – лицата со оштетен слух, говор и вид.
Проектот настојува да ја сензибилизира пошироката јавност за еднаков третман и пристап на лицата со оштетен слух, говор и вид до јавните институции и јавните добра.
Во рамките на проектот се креирани 27 дигитални аудио сликовници со и без знаковен јазик на македонски јазик.
На почетокот на проектот распишавме јавен оглас до сите заинтересирани читатели да ни достават креативни, забавни, инспиративни и емотивни текстови. На конкурсот се пријавија над 50 раскази.
Текстовите беа оценувани од комисија.
Соработници во проектот се Едукативениот центар Едусфера.
Во рамките на проектот на 27 текстови им дадовме можност да се снимаат и да се толкуваат со знаковен јазик на македонски јазик.
Истите приказни се наоѓаат во печатена книга насловена „Буквите наши за мисли неискажани“.
Проектот е поддржан од Министерството за Култура на Република Северна Македонија.
Соработници се Едукативен центар Едусфера.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook