Кога ќе не запрашаат што е среќа, често пати се замислуваме, бидејќи е тешко да се одбере најважното… Она првото, што не прави најсреќни. За да ја покажеме нашата среќа и заеднича соработка учениците од ООУ “Св. Климент Охридски” – Битола и нивната наставничка Виолета Стевановска организиравме литературен настан за одбележување на денот на среќата. Учениците од V-1 одделение кажаа дека за нив среќа е љубовта од семејството, другарувањето, гушкањето, слушањето музика, спортувањето, да не носат повеќе маски и со пишување на текстови и пораки ја искажаа нивната среќа. Додека пак за нивната наставничка среќа е насмеани лица, гушкање, патување….

Facebook link