По повод Меѓународниот ден на Биолошката разновидност во просториите на НУУБ „СВ. Климент Охридски“ – Битола се реализира настан под наслов „Природа убавина“, гости беа учениците од четврто одделение од О.У. Стив Наумов – Битола со наставничката Наташа Костовска.
На настанот учевство зеде и Симеон Ташков, активен планинар и член на ПСКП. 7 – Мај Битола, кој успеа на еден начин да им ги долови наједноставните и најважните делови за заштита на природата, а посебно растенијата, животните, водата во неа и надвор од неа и сето тоа поддржано со слики и растенија од природата (посебно лековити растенија) и слајдови на кои меѓу другото учениците се запознаа и со водата и заштитата на цела флора и фауна во природата.
Со тоа целосно учениците се запознаа со биолошката разновидност, со што се извлече заклучок дека кон природата треба да се однесуваме како со скапоценост која не ни е дадена само нам, туку ние треба да ја чуваме и негуваме за идните генерации.
Настанот беше реализиран од страна на Библиотекар Јасминка Кочевска.