Директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола м-р Бојан Стефановски потпиша меморандум за соработката со претставници од Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ – Скопје кои имаат дисперзирани паралелки во нашиот град.
Училиштето им нуди на децата со попреченост да се стекнат со диплома за завршено средно образование – насока графичари, со што понатаму ќе можат да се пријават на пазарот на трудот.
Борбата на овие професори кои работат со овие деца е за голема пофалба, а библиотеката е тука за поддршка.
Во заедничка соработка со училиштето започнавме да го реализираме проектот „Креативни забавни работилници за поттикнување на читањето кај деца со попреченост“ кој е одобрен од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Со потпишувањето на овој меморандум предвидени се многу заеднички активности и проекти помеѓу двете страни се со цел да се постигне инклузија на овие деца во општеството.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook