Во чест на Светскиот ден на книгата и авторското право – 23 април, нашата библиотека заѕвони со најубавата музика: детскиот џагор. Меѓу полиците исполнети со приказни и светови, ни дојдоа на гости дечињата од ЈОУДГ „Естереја Овадија Мара“ – Битола.

Со очи полни љубопитност и срца отворени за чудо, тие поставуваа безброј прашања, откривајќи го светот што се крие меѓу кориците. Библиотекарките ги поведоа низ магијата на детската литература, запознавајќи ги со сликовниците создадени токму за нивниот свет шарен, нежен и бескрајно богат.

Во таа топла атмосфера другарувавме со приказните на Биби и Боби, разговаравме, цртавме, боевме и се смеевме. Секое дете стана мал истражувач, член на библиотеката и горд позајмувач на сликовница. Зашто љубовта кон книгата започнува тивко, уште во најраните години, но расте во нешто големо, светло и вечно.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook