Македонската азбука – официјално и единствено писмо на македонскиот јазик со службен јазик, донесена на 5 мај 1945 година со решение на Народната влада на Федерална Република Македонија. Се заснова на кирилицата со одредени измени приспособени на македонскиот гласовен систем. Современата македонска азбука се темели на кириличната азбука на Крсте Петков Мисирков.

Јазикот и азбуката се врзуваат со идентитетот на еден народ и затоа важно е јазичното планирање, јазичната политика и јазичната стратегија.

Нашата библиотека во соработка со СОЕУ „Јане Сандански„ – Битола, ја започна кампањата за масовна употреба на кирилицата.

Иако уште од мали учат да пишуваат на кирилица, на социјалните мрежи сѐ почесто комуницираат на латиница. Дигиталната комуникација постепено го потиснува кирилското писмо. Статуси, коментари, приватни пораки на интернет се пишуваат со латинични букви. Ваквите навики на младите го отвораат прашањето за иднината на кирилското писмо во онлајн просторот.

Интернетот може да ја обликува само површината, но битието на јазикот опстојува во нашите секојдневни постапки.

– Педагошката наука е јасна: децата не се воспитуваат со празни поуки, туку со впивање на моделите на однесување. Ако кирилицата не е наш личен избор, децата ќе ја доживуваат како застарена обврска која се практикува само кога „мора“. Со личен пример можеме да изградиме генерации со вкоренето достоинство дека кирилицата е современ и единствен вистински дом за нашиот јазик.

Современиот дигитален говор е обележан со една специфична нетрпеливост – мислата брзо да се вообличи и да се оддаде, без притоа да го почитува графичкиот релјеф на нашето писмо од 31 буква, додека латиницата лажно нуди „пократок пат“ во тесните рамки на екранот.

Посебна благодарност до професорката Христина Зариевска и директорката Биљана Јанкуловска.

Во текот на часот беа реализирани повеќе активности за употреба на кирилицата и им беа зададени задачи кои треба да ги реализираат на повеќе начини и со употреба на многу инспиративни методи. Соработката продолжува и во наредниот период. https://soeu-jane-sandanski.mk/

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook